ВестиКултура на живеење

Слоу Фуд вкусови со популарниот готвач Филип Ондрушек

Светски познатиот готвач со Словачка – австриско потекло, Филип Ондрушек, кој својата кариера ја градел низ врвната европска гастрономија и современата fine dining сцена, од 19 до 26 мај ќе биде гостин на Слоу Фуд мрежата во Македонија.
Организирана е богата програма, која ќе ги поврзе вкусовите, традициите и приказните на локалните производители, носејќи го вистинскиот ритам на бавна и посветена гастрономија.
Наместо луксузни хотелски кујни и затворени гастро-настани, Ондрушек ги одбра македонските пазари, локалните производители, селските трпези и автентичните вкусови на Охрид, Битола, Преспа и Мариово.
Ќе ја истражува локалната традиција, сезонските производи и потенцијалот на нашата кујна како современ гастрономски бренд.
Во рамките на посетата, Ондрушек ќе одржи мастер клас на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, на тема „Локални состојки, сезонски менија и гастрономија без отпад“. Пред студентите ќе зборува за современите гастрономски трендови, одржливата гастрономија и улогата на локалните состојки во современата кујна.
Посебен дел од програмата ќе биде демонстративната сесија за готвење со локални и сезонски состојки, како и дискусијата за управување со „нула отпад“ во професионалните кујни – еден од најважните глобални трендови во гастрономијата.
Ондрушек ќе има и средби со локални производители и готвачи, а во Винарија Манастир ќе се одржи панел за кулинарска соработка и „зелено гостопримство“. Заедно со готвачите од локалните ресторани во Охрид, ќе работи на јадења инспирирани од традиционалната македонска кујна, сезонските производи и современите техники на готвењето.
Во панел-дискусијата „Зелено гостопримство во Охрид“ ќе се разговара за одржливо управување со ресторани, намалување на отпадот од храна, енергетска ефикасност во угостителството, локални набавки, кратки синџири на снабдување, но и за гастрономијата како сериозен туристички производ за Охрид и Македонија.
По Охрид, гастрономската приказна продолжува во Битола  Преспа, селата Дихово и Буково.
Тој ќе се сретне и со млади готвачи од мрежата на Slow Food Macedonia, ќе го посети регионот Мариово и селото Зовиќ, винаријата Сарика, а ќе прошета и низ Старата чаршија и пазарот во Битола.
Посетата ќе заврши со подготовка на гала вечера.
Организатори на посетата се: Слоу Фуд Македонија, Слоу Фуд Охрид, Слоу Фуд Битола  и Алијанса на готвачи на Слоу Фуд Македонија.
Подржувачи- Општина Охрид, Факултет за угостителство и туризам-Охрид.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.