Ново-откриена алга „сирена“ е составена од само една гигантска ќелија, со само едно јадро

Овие прекрасни чадорчиња се новата сирена во Андаманскиот архипелаг. Станува збор за ново-откриена алга, наречена Acetabularia jalakanyakae, а сирена е затоа што „jalakanyaka“ значи „божица на океаните“ или „сирена“ на санскритски јазик.

Тоа е нов вид од родот Acetabularia откриен во Индија, вели Felix Bast, научник и професор од Central University во Пенџаб во Индија, за The Independent. Дизајнот е сложен – како да се чадори на сирена “, вели научникот, кој е и главен автор на студијата за новиот вид. Главната карактеристика на новооткриениот вид е што целото растение е составено од само една гигантска ќелија, со само едно јадро, појаснува Felix Bast./М.М.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.