РЕТА со својата најанова кампања за заштита на правата на животните тргнува од контроверзноо прашање: што доколку производите од кожа што се продаваат ширум светот беа наместо од животинска – од човечка кожа?

Создавачите на кампањата на РЕТА направија и Urban Outraged, условно речено продавница на производи од човечка кожа, со адекватен ироничен слоган: КОЖАТА Е НА ТЕБЕ. ИСПОРАКАТА Е НА НАС. Бесплатна достава за сите нарачки! https://www.urbanoutraged.com/
Во светот најпознатата непрофитна организација за заштита на правата на животните – PETA – силно го крева гласот кога зад блескави реклами за ексклузивни кожени производи стои суровото, безмилосно убивање на животните.
Дали и тогаш благонаклоно ќе се гледаше кон корпорациите кои продаваат производи направени од животинска кожа!
На РЕТА веб-продавница не само што има облека и модни додатоци, осмислени како да се направени од човечка кожа, туку во „Afterlife Collection“ е претставена и замислена услуга која нуди изработка на моден производ од кожата на почината блиска личност или член на семејството.
Иронијата и сатирата на РЕТА на сајтот ниту од далеку не ја отсликуваат бемилосноста кон животните во животот околу нас – наметнувајќи го прашањето што PETA го поставува –ДО КОГА! https://www.urbanoutraged.com/flip/

 

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.