По повод кинеската лунарна Нова година, италијанскиот бренд Bottega Veneta создаде инсталација со која во својата зелена боја го брендира Кинескиот ѕид, а ќе биде и донатор и поддржувач на проектот за реновирање и одржување на Shanhai превојот.
На Кинескиот ѕид, од шести до 12 јануари, во инсталацијата беа прикажани не само името и логото на Bottega Veneta, туку и знаците 新春快乐 – Среќна Нова година. Инсталацијата е во зелената боја на Bottega Veneta, како и во портокалова нијанса на мандарина, што е симболот на среќа во Кина.
Bottega Veneta е италијанска луксузна модна куќа со седиште во Милано, Италија. Нејзините производни линии за мажи и жени вклучуваат готови производи : чанти, чевли, модни додатоци, накит и парфеми. Bottega Veneta е основана во 1966 година во Виченца, Венето, од Michele Taddei и Renzo Zengiaro./М.М.
More in:Вести
Пријавени рекордни 13.400 учесници од 55 земји на 20. Скопски маратон
В недела, на шести октомври, во Скопје ќе биде одржан јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски ...
Во Музејот на современата уметност – Скопје почнува Фестивал на перформансот
Од денес до шести октомври во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржува ...
Нов Мурал во Театар Комедија: Шпанска Керамика во Срцето на Скопје
Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело! Привлекувајќи погледи и внимание, муралот ...
Во сабота јубилејна 20-та „Бела ноќ“ во Скопје
Во сабота, петти октомври, на неколку локации низ Скопје, ќе биде одржана јубилејната, 20-та „Бела ...