Naomi Scott во февруари ќе дебитира како заштитно лице на новиот вегански мирис на Chloé Nomade Eau de Parfum Naturale.
Naomi Scott е британска актерка која се пробива и во модната индустрија. Освен филмските успеси и волонтерската работа, актерката со потекло од Индија и Уганда, сега стана заштитно лице на Chloé Nomade Eau de Parfum Naturale. Веќе следниот месец ќе биде промовирана новата рекламна кампања за парфемот во која глуми Scott свој ентузијазам веќе го сподели преку објава на Инстаграм во која истакнува дека:„ Chloé е иконски бренд и тоа се протега и на самиот парфем. Навистина е убава работа кога можеш естетски да работиш со бренд што го сакаш, притоа почитувајќи го неговиот етос„.
Мирисот Nomade од Chloé е создаден како опција за вегански парфем, со низа целосно природни состојки. Scott отворено зборуваше дека има исклучително чувствителна кожа и дека не случајно е избрана за лице на најновиот мирис на брендот./М.М.
More in:Убавина вести
Loubidoo Rose Encens на Christian Louboutin, нов есенски унисекс парфем
Светот на убавината, како што наближува постуденото време, е подготвен со нови парфеми да го ...
Јулијана Ѓорѓиевска Miss Europe на изборот на Queen of Eurasia 2024
На изборот за Кралица на Евроазија 2024 (Queen of Eurasia 2024), што се одржа во ...
ЈА ЈК – нов парфем на Јелена Карлеуша
Српската поп пејачка Јелена Карлеуша во белградскиот трговски центар го претстави новиот парфем ЈА ЈК, ...
Полноќниот мирис на Victoria’s Secret
Candice Swanepoel и Paloma Elsseser го претставија новиот Bombshell Midnight мирис на Victoria’s Secret. Victoria’s ...