Candice Swanepoel и Paloma Elsseser го претставија новиот Bombshell Midnight мирис на Victoria’s Secret.
Victoria’s Secret верува дека полноќта ќе биде незаборавна со најновиот Bombshell Midnight мирис. Како заштитни лица на кампањата, брендот ги претстави моделките Candice Swanepoel и Paloma Elsesser. Zoey Grossman, фотографка на рекламната кампања, ги сними во сребрени ансамбли на модната куќа, стилизирани од Malina Joseph Gilchrist.
Според брендот, Bombshell Midnight е овошен мирис надополнет со миризливата ванила. Горните ноти се на црна цреша, средните ноти на божур, додека основните ноти на ванила нудат финиш што го прави мирисот топол и неодоливо и сладок.
Victoria’s Secret ја претстави колекцијата на Bombshell Midnight со парфемска вода, мирисен путер за тело и парфимиран лосион.
Според главниот парфимер на VS, Frank Voelkl, инспирацијата зад Bombshell Midnight е ноќното небо, украсено со блескави ѕвезди. Секоја капка е проткаена со сјај, посочува Voelkl./М.М.
More in:Убавина вести
Јулијана Ѓорѓиевска Miss Europe на изборот на Queen of Eurasia 2024
На изборот за Кралица на Евроазија 2024 (Queen of Eurasia 2024), што се одржа во ...
ЈА ЈК – нов парфем на Јелена Карлеуша
Српската поп пејачка Јелена Карлеуша во белградскиот трговски центар го претстави новиот парфем ЈА ЈК, ...
Парфемите на Bottega – уметноста на сензуалниот сексепил
Кога се спомнува италијанската модна куќа Bottega Veneta, првата асоцијација е кожата – без разлика ...
Легендарниот Lionel Messi во светот на парфемите
Аргентинската фудбалска ѕвезда Lionel Messi се подготвува за нов предизвик, овој пат влегувајќи во парфемската ...