На изборот за Мис на Евроазија 2024, одржан во Москва, Русија, нашата земја ја претставуваше 26годишната тетовчанка Катарина Јовановска. Таа од Москва се враќа со титулата Трета придружничка. Овој голем успех го направи во конкуренција на 30 девојки, од исто толку држави од Европа и од Азија. Победничка е претставничката на Узбекистан, титулата Прва придружничка ја освои Мис Турција, а Втора придружничка е убавицата од Русија.
Катарина е дел од Модното студио Црнокрак, кое веќе 8 години ја има лиценцата за овој престижен избор за убавина.


На финалната вечер таа се претстави во креации на Елена Лука, специјално изработени за изборот за Мис на Евроазија./М.М.

 

Вести

MISS WORLD NEW GENERATION 2026

Минатата недела во Фрушке Терме, Војводина, Србија се одржа првото издание на изборот за MISS ...

You may also like

Comments are closed.