Парфемот е ненадмината нијанса на женската индивидуалност – тој дава посебна нота на изгледот, рекол Кристијан Диор. Парфемот е всушност извесно  најинтимен дел на личната убавина – го поврзуваме со настани и емоции во времето во кое е употребуван.  Поради тоа лично во парфемското доживување за многумина парфемите од листата на најпродаваните нема многу да им значат. Па сепак, местото на листата на најпродаваните не се добива преку ноќ – со илајдници парфеми постигнувањето на овој култен статус им успева само на неколкумина. Кога некој од парфемите ќе се најде на листата најпродавани значи дека успеал да допре до таа ненадмината нијанса на женската индивидуалност за која зборувал Кристијан Диор. Треба да му се верува – и низ децениите во минатото, како впрочем и лани, она што го создала куќата што го носи неговото име безмалу секогаш биле на оваа листа. Некогаш и први – како впрочем и лани!

Dior J’adore – модерен и гламурозен, создаден во 1999. година. Сладок, но лесен цветен мирис со свежина на мандарина во високи ноти но и со јасмин, слива, орхидеја…

J’adore

Viktor & Rolf Flowerbomb – Мирис на ориентот со експлозија од слаткасти цветни ноти.

Flowerbomb

Yves Saint Laurent Black Opium – Магичен и темен, на рокерската страна на брендот на YSL.

Black Opium

Giorgio Armani Si – Горната нота е овошен  мирис на рибизла, во средината мајска роза, а базата на овој парфем создаден во 2013 година се ванила, пачули амброксан и дрвени ноти.

Si

Lancôme La Vie est Belle – Цветен мирис, од ирис и јасмин до цвет на портокал, дотеруван три години и со направени околу 5000 пробни варијанти.

La vie est belle

Le Labo Santal 33 – На пазарот е една деценија и е унисекс парфем со дрвени нишки: спој на сандаловина кардам,синоличка, кожа, јантра и ирис.

Santal 33

Byredo Gypsy Water – силен, но не и пренападен, креиран во 2008 година, идеален за оние кои одбегнуваат доминантни цветни ноти.

Gipsy water

Guerlain Mon Guerlain – Ориентално дрвен парфем со лаванда, ружа, пачули, бел мошус и сандаловина во трите главни ноти.

Mon

Miller Harris Scherzo – цветен парфем за мажи и жени претставен во 2018 година, со мандарина во горната нота, доминантни се ружата и нарцисот, а во базата пачули и ванила.

Escentric Molecules Molecule 01 – Унисекс парфем од 2006 година создаден од молекули на Iso E Super.

Chanel No. 5 – Од времето кога Мерлин Монро само со неколку капки од овој парфем одела во кревет парфемот е постојано на листата на најпродавани. Комбинација е од ружа, јасмин, мошус, пачули и ванила.

Jo Malone London Lime Basil and Mandarin Cologne – Цитрусен мирис – ладен и полн со самодоверба за кој создавачите тврдат дека смирувачки делува./M.M.

Lime Basil & Mandarin Cologne

 

Убавина вести

Аdvent Сalendars

Секоја година модните куќи за убавина особено внимание посветуваат на празничните, Аdvent Сalendars. Тоа е ...

You may also like

Comments are closed.