Крунисувањето на британскиот крал Charles III и на Camilla, Consort кралицата, беше и првото во Британија во последните 70 години. Charles III е 40-тиот монарх, досега единствен кој цели седум децении чекал да стане крал. Надвор од ОК, тој е крал и на 14 други земји на Комонвелтот, вклучувајќи ги Австралија, Канада и Нов Зеланд.
Настанот, разбирливо, привлече големо медиумско внимание, во кое свое место најде и облеката на кралското семејство, како и на гостите од целиот свет.
Најголемо внимание во кралското семејство привлече принцезата од Wales. Kate Middleton носеше долга тоалета со цветови кои ги симболизираат четирите земји кои ја сочинуваат Велика Британија. Ансамблот е налик на делото на Lee Alexander McQueen, од 2008 година. Според Телеграф, украсот на главата на принцезата „алудира на цветните круни што ги носeле слугинките на кралицата Елизабета, на нејзиното крунисување во 1953 година“. Накитот на принцезата има и носталгична вредност: герданот е направен во 1950 година, за тогашната принцеза Елизабета и за овој повод е споен со обетките од бисер и дијаманти кои и припаѓаа на принцезата Diana.
Меѓу гостите внимание привлече outfit-oт на Queen Letizia of Spain која на прославата носеше розов комплет на Carolina Herrera, а на свечената вечера зелен фустан, креација на Victoria Beckham.
Љиљаковиот комплет на Vivienne Westwood од актерката Katy Perry направи модна ѕвезда и таа тоа не го сокриваше, правејќи селфија и позирајќи за медиумите.
Dame Emma Thompson беше облечена во впечатлив црвен мантил и црн миди фустан, надополнети со чевли на Roger Vivier.
Класичниот ансамбл на Brigitte Macron е на Louis Vuitton, а синиот комлет на Jill Biden, дело на модната куќа на Ralph Lauren. Сите тие и усте многу други, беа дел од модната сцена на церемониите одржани викендов по повод крунисувањето на Charles III./М.М.