Лутеолинот би можел да стане клучен елемент во режимите за нега на косата, помагајќи им на луѓето да ја зачуваат природната боја на косата во текот на целиот живот.
Иако побелената косата се смета за неизбежен дел од процесот на стареење, новите истражувања од Nagoya University во Јапонија, под водство на професорот Masashi Kato и др. Takumi Kagawa, покажуваат дека еден антиоксиданс може да го спречи овој процес. Истражувачите открија дека лутеолинот, антиоксидансот кој се наоѓа во зеленчукот како што се целер, брокула, моркови, кромид и пиперки, може да го спречи побелувањето на косата.
Истражувањата биле е фокусирало на три антиоксиданси – лутеолин, хесперетин и диосметин – за да се процени нивното дејство во однос на побелувањето кај глувците. Резултатите биле изненадувачки: оние кои добивале лутеолин, ги задржале своите црни крзна, додека оние на кои не го добивале, крзното со време им посивело.
Овој резултат е изненадувачки, изјави професор Masashi Kato. Очекувавме трите антиоксиданси да имаат ефект врз косата но, само лутеолинот, а не и хесперетин или диосметин, покажаа значителен резултат. Овој наод сугерира дека лутеолинот може да има уникатно медицинско дејство кое го спречува побелувањето на косата.
Истражувањата покажаа дека лутеолинот влијае на ендотелините, протеините кои играат клучна улога во комуникацијата со клетките, а со тоа помагаат и да се зачува активноста на меланоцитите, кои се одговорни за пигментацијата на косата.
Според професорот Kato, лутеолинот има ограничен ефект врз циклусите на косата, што укажува дека неговиот главен ефект е насочен кон пигментацијата, а не на растот или опаѓањето на косата.
Ова откритие може да создаде предуслови за развој на нови третмани за зачувување на природната боја на косата, како и поширока примена на лутеолинот во истражувањата поврзани со стареењето. Имено, надоврзувајќи се на овие ветувачки резултати, др. Takumi Kagawa предвидува пошироки апликации за лутеолин во истражувањата поврзани со возраста. Би било интересно да се истражи дали ефектите против стареење на лутеолин би можеле да бидат применливи и за други промени поврзани со стареењето, вклучително и на ќелавоста.
Лутеолинот е веќе достапен како додаток, и за орална и за топична употреба, што го прави потенцијален кандидат за натамошен развој во индустријата за нега на коса. Би можел да стане клучен елемент во режимите за нега на косата, помагајќи им на луѓето да ја зачуваат природната боја на косата.

 

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.