Подготовките за јубилејното, 30-то издание на Интернационалниот музички фествал „Охрид фест“ се во полн ек. На листата на учесниците, која постојано се надополнува, е и името на легендарниот кант-автор Кики Лесендриќ, иконата на рокенролот на екс-ју просторите.

Организаторите на фестивалот го најавуваат неговото учество на  Интернационалната вечер, на втори септември, истакнувајќи го големото задоволство на кант-авторот за учеството на јубилејот на „Охрид-фест“.

Не сме биле во Македонија навистина долго, вели Лесендриќ. Во еден период, со „Пилоти“, свиревме многу – сигурен сум дека речиси и да нема место кадешто не сме настапувале. Искрено се надевам дека најновиот албум повторно ќе не донесе во Македонија и дека пак ќе свириме, што ќе биде посебно задоволство.“

Кики Лесендриќ ќе се претстави со нумери од најновиоталбум „Мали трагови на небу“,  додека евергрините: „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Како си лепа“, „Као птица на мом длану“,  „Баракуда“ …„ ќе ја потсетат македонската публика на прекрасните балади, како и на специфичната боја на неговиот глас./M.M.

Фотографија: Анѓела Буцаловиќ

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.