
Елеганцијата на камелијата во полн цут претставува и инспирираа на Chanel за нивната за есен-зима 2023 кампања. Креативната директорка на брендот, Viržini Vijar, ги преведува овие цветни чуда на природата во волшебна комбинација на јакни од твид, миди здолништа и модни детали со мотиви од камелијата.
Зборувајќи за камелијата како честа инспирација а модната куќа таа вели дека цветот е многу повеќе од тема, нешто како вечна ѓифра на брендот.
Зимскиот цвет блеска во новите дизајни во длабочините на темно сивите и црни нијанси, повремено мешајќи ги со живописни розови и црвени боји.
Во однос на аксесоарите, колекцијата ги фаворизира ракавиците од тантела, слоевитите ѓердани и чанти кои исто така ги истакнуваат деталите.
Освен оваа кампања Chanel неодамна ја претстави и колекцијата за пред есен 2023 година во која камелијата е повеќе од цвет – таа е и икона и лекција по историја и храбар скок кон иднината на модата.
Кампањата е снимена од фотографското дуо Inez & Vinoodh и во неа Loli Bahia е олицетворение на безвременска привлечност./М.М.
https://www.chanel.com/hu/fashion/collection/fall-winter-2023-24/