New York Fashion Week започнува денес и ќе трае до недела, 12 септември. Според, CFDA се враќаат модните ревии со публика, со почитување на здравствените упатства на државата Њујорк, заедно со продолжување на презентациите за дигиталните колекции.

Воведниот распоред на NYFW како дел од американскиот календар за колекции започнува  со парада на пистата на новата колекција на Ulla Johnson. Во следните денови, со модели за следната пролет ќе се претстават и: Rodarte, Gabriela Hearst, Tory Burch, Oscar de la Renta, Sergio Hudson, Maryam Nassir Zadeh, 3.1 Phillip Lim, Proenza Schouler, Coach, Michael Kors, Brandon Maxwell, Zero Maria Cornejo, Markarian, Telfar, Khaite, Staud, Jason Wu, Kevan Hall, Victor Glemaud, Rebecca Minkoff, како и Tom Ford.

Како најзначаен настан се најавува Met Gala – изложбата на Институтот за костими на Метрополитен музејот на уметноста, насловена како „ In America: A Lexicon of Fashion “. По несомнено тешкото време за американската модна индустрија, изложбата е совршена можност да се истакнат дизајнерите и богатата историја поврзана со модната индустријата.

Очекуваме силна модна презентација која го слави најдоброто од американската мода и во физички и во дигитални формати на презентација“, вели Steven Kolb, извршен директор на CFDA./M.M.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.