Сместен под височините на Алборз планините, на северо-западниот брег на езерото Читгар, во 22-от западен округ на иранската престолнина Техеран, се наоѓа Iran Mall – официјално, во моментов, наголемиот трговски центар на светот.
Iran Mall е импресивен комплекс за купување, забава и култура кој со своите 1.950.000 квадратни метри ги надминува по големина и понуда и South China Mall и Dubai Mall, двата меѓу најголемите познати мултифункционални трговски центри во светот.
Поради својата големина и разновидната понуда Iran Mall привлекува не само локални, туку и странски туристи. Според податоците за посетеноста, трговскиот центар годишно привлекува околу 40 милиони посетители, што го прави еден од најпосетените трговски комплекси на светот.
Гигантскиот комплекс не само што го краси современ изглед и бројни функционалности, туку е и дел од идентитетот на современиот Иран. Идејата за изградба на ваква мегаструктура датира од 2000-та година, од визијата на иранскиот банкар и претприемач Али Ансари, да создаде комплекс кој ќе привлече внимание и ќе ги претстави вреностите на Иран на светската сцена. Изградбата на Iran Mall започнала во 2012 година, за официјалното да почне со работа дури во 2019 година.
Iran Mall – aрхитектонското чудо на Техеран
Iran Mall е многу повеќе од само напреден трговски центар. Овој грандиозен комплекс ги поставува новите стандарди на комерцијални центри, создавајќи единствено искуство за сите оние кои сакаат да го видат и запознаат. Комплексот нуди широк спектар на активности, од уметност и култура до спорт, туризам и рекреација. Создадена е вистинска палета на модерни центри, а не само места за продажба на најразновидни производи.
Некои од најзначајните атракции вклучуваат: најсовремени 12 кино сали, една од најубавите библиотеки на светот – Џондисапур, која располага со богат фонд на книги и научни публикации, потоа најсовремени музички дворани и концертен хол, аудиториум за хокеј на мраз, меѓународен конгресен центар и хотел во изградба, бројни ресторани и кафулиња, како и над 2400 продавници кои нудат различни производи – од луксузни брендови до локални и традиционални ирански производи.
Повеќенаменскиот спортски комплекс, што се наоѓа во средина на живописниот зелен простор на покривот, едно е од најатрактивните места во Iran Mall. Обезбедува простор за широк спектар на активности, вклучувајќи борење, тенис, одбојка, кошарка и мал фудбал. Освен спортски игралишта и две теретани се добро опремени за да бидат домаќини за вежбање за професионални спортски тимови.
Со својата грандиозна архитектура и широк спектар на услуги, Iran Mall е еден од најзначајните симболи на Иран, кој ги презентира современите тенденции и иранската култура.
More in:Вести
Prada ја презема модната куќа Versace за 1,25 милијарди евра
Кога Donatela Versace неодамна го напушти кормилото на модната куќа Versace, а за нов креативен ...
Swarovski својот 130. роденден го прослави со бал во Виена
Со изработка на 160 тиари за дебитантките на Виенскиот операски бал (Wiener Opernball), Swarovski го ...
Имлек Оаза – кремасто кафе и за време на пост
Многумина постот го поврзуваат со ограничувања, но тоа не значи дека треба да се откажеме ...
Институтот Изет Цури со изложба ѝ оддава омаж на својата студентка Фросина Кулакова
Во овие тешки времиња на лични но и национални трагедии, младите го пронаоѓаат својот вентил ...