Giesswein

Тимот на Giesswein Wool Lab разви иновативни волнени ткаенини, добиени од природно високо-технолошки материјали. Така се создадени и волнените суровини за патиките кои имаат подобри префроманси а за нивно производство нема отпадни материјали.

Giesswein волнените предива и ткаенините ги третира на посебен начин, фокусирајќи се на третманот на волната и на нејзината одржлива употреба. Така се добиваат уникатни ткаенини, изработени од 100% волна.

Giesswein

Giesswein

 

 

 

 

 

 

Во Giesswein мерино волната се третира поинаку, со 3D-растегнување: Giesswein мерино производите се направени со техника на3D-растегнување, што особено се гледа преку чевлите кои се подеднакво пријатни, како и еластични.

Обувките од мерино волната се изработени исклучиво од 100% чиста волна, што значи дека Giesswein обувките се направени со најдобра и најмека волна.

Мерино волната може да апсорбира и одстрани до 80 милилитри течност, а има и антибактериски својства, така што се чувствувате и мирисате – свежо.

Giesswein

Giesswein

 

 

 

 

 

 

Одржливите суровини значат и одржливо производство :

0% од волната останува неискористена; 90% од водата што се користи во производство се рециклира.

Во индустријата за обувки, 20% од остатоците се трошат и се фрлаат. Во Giesswein пронајдоа нов начин на создавање 0% отпад за време на процесот на производство.

Giesswein развива извонредни ткаенини кои ги зголемуваат позитивните карактеристики на волната, со тоа што волната што ја користи Giesswein се добива етички./М.М.

 

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.