Конечно пристигна пролетта, а со тоа и поголемиот избор за свежо овошје.

Првата помисла на здрав, витамински силен оброк, ќе ве упати кон убава овошна салата, што може да се направи од рaзлични овошки, количества и додатоци. Ние нашата ја направивме од јагоди, киви и јаболко.

Подготовката на овошна салата е едноставна – тоа сите го знаеме. Како ќе изгледа вашата, зависи од вашиот вкус, а често може да зависи од тоа што го имате дома на располагање.

Исечкајте го овошјето што ви одговара, украсете со она што најмногу ви се допаѓа и нема грешки. Сепак, за оние кои се почетници во кујната, кои сакаат да започнат со овошна салата, еве неколку совети:

Изберете овошје што е доволно зрело. Пред да додадете овошје во салатата, проверете дали е добро исчистено. Без оглед какво овошје користите, обидете се да го исечкате на еднакви делови. Обидете се да имате што повеќе овошје, различни вкусови. На тој начин, салатата ќе биде многу „поинтересна“. Не дозволувајте ниту еден вкус да доминира, оставете сите вкусови да се мешаат. Покрај различните вкусови, во  салата нека има и многу бои. Визуелно ја прави салатата подобра, по примамлива./M.M.

 

You may also like

Comments are closed.