Екстериер - ЕнтериерКултура на живеење

Во Климаториум – климатскиот центар во Данска  

Климаториум

Климаториум е меѓународен климатски центар во Данска и се наоѓа во местото Lemvig, на западниот брег на Данска. Архитектонската фирма 3XN ја дизајнираше зградата за да ја изрази нејзината функција како центар за климатски истражувања, за закани од бури, како и за истражувања на водата, но истовремено и да потсети на наследството на ова пристаниште во изградбата на бродови. Пејзажните архитекти од  СЛА го надгледуваа усогласувањето на дизајнот на проектот со околната природата, кој вклучува одбрана од поплави, што се вградуваат во урбаните средини крај брегот. https://klimatorium.dk/en/

Климаториум

Фасадата овозможува и  седење и тоа на дрвен бран, изграден во рамките на предната – челна фасада.

Архитектонскиот концепт за Климаториум се фокусира на едноставноста и користи намалена палета на материјали од дрво, бетон и челик за да постигне и рустикална и современа естетика. Главниот, симболичен потез е формата на бран, вметната во фасадата, инспирирана од традиционалните рибарски бродови на пристаништето.

Токму бранот направен од дрво и дава силен идентитет на зградата, велат од 3XN. Станува место на собирање, како за вработените, така и за гостите на Климаториумот. Кривата, конкавна форма создава дрвени скали, што можат да се користат како клупи. Имаат природна завршна обработка на дрвото што е во контраст со црното дрво кои го штитат горниот спрат на зградата од директна сончева светлина.

Климаториум

Lemvig во моментов го надградува пристаништето за да се заштити од поплавувања, а СЛА ја дизајнираше областа околу Климаториумот за целосно интегрирање на новата одбрана од  поплави. Дизајнот вклучува и област наречена Климатски коридор, која нуди зелен урбан простор со пријатна микроклима за посетителите и јавноста и демонстрира неколку концепти промовирани од Климаториумот. Ние го користиме Климатскиот коридор за да ги прикажеме начините на кои можеме да го користиме дизајнот заснован на природата, за да ги заштитиме климите во нашите градови, додавајќи сосема нов слој на искуства и активности во природата, објаснуваат од СЛА./М.М.

Климаториум

You may also like

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

Comments are closed.