ВестиКултура на живеење

Одржливи униформи за Олимпијадата под мотото: Надежда го осветлува нашиот пат

Олимписката асоцијација од Токио промовира унисекс облека од рециклирани материјали под мотото Надежда го осветлува нашиот пат. Олимпискиот факел за Токио 2020, исто така беше направен од градежен отпад од земјотресот и цунамито што ја погодина во Јапонија.

За Oлимписките игри Tokyo 2020 униформите се направени од рециклирани шишиња. Маиците и тренерките се направени од рециклирани пластични шишиња на Кока Кола.  Дизајнерскиот тим на Олимписките игри соработуваше со Кока-Кола за да ги создаде униформите од пластичните шишиња собрани од брендот и рециклирани за во униформите. Изборот на материјалот е усогласен со целите на одржливоста на игрите, кои имаат за цел „да обезбедат одржливи игри“.

Олимпискиот факел за Токио 2020, беше направен од градежен отпад од земјотресот и цунами што ја погодина во Јапонија , со цел да им помогне на луѓето да ги зацелат раните и да го прослават постигнатиот напредок. „Се надеваме дека олимпискиот пламен што се пренесуваше низ Јапонија ќе донесе со себе охрабрување на луѓето од целиот свет“, истакнуваат од Олимписката асоцијација./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.