Деновиве имено јогата многу се спомнува – се поврзува со пејачката и актерка Џенифер Лопез, инаку со децении јога практикант и нејзиното претставување на новата песна со сесија фотографии на кои го покажува голото, стегнато и истренирано тело. Бројните коментари околу фото сесијата не ја заобиколија ниту јогата, зголемувајќи ги прегледите на каналот на кои се претставуваат јога вежбите, почнувајќи од оние за почетници. Освен на каналот постои и апликација која нуди будење со јога.

Имено,  апликацијата “‎Yoga Wake Up” може да направи јогата да биде првото нешто што го правите кога ќе станете. Кога се најавува, корисникот мора да одговори на неколку прашања, како што се – колку често вежбате или каква музика сакате да слушате додека се будите. Врз основа на одговорите, апликацијата подготвува јога сесии, кои можат да траат од 5 до 15 минути, што треба да се направат веднаш по будењето. Можете да програмирате и дневни јога сесии.

 

You may also like

Comments are closed.