Calvin Klein, модниот гигант во сопственост на PVH, познат по своите контроверзни реклами, предизвика нова бура со најновата кампања, во која се појавува бремена трансродова личност.

 

Како дел од својата глобална кампања за Денот на мајката, Calvin Klein ги вклучи бразилците Roberto Bete, транс маж во последната фаза од бременоста и партнерката Erica Feeha за, како што е соопштено, да се истакнне реалноста на новите семејства. За својата врска бразилскиот пар вели: Можеме да се репродуцираме биолошки или од срце…нашето место е да сакаме и да бидеме сакани.
Објавата на Calvin Klein на Инстаграм беше проследена со бројни коментари и слики со кои се поддржува инклузивноста. Другите коментари беа помалку комплементарни, – од типот „откажи“, „блокиран“ и „повеќе не го купуваат овој бренд“. Еден корисник напиша: „Вашата облека и производи се направени во земји каде што луѓето од ЛГБТК заедницата би биле казнети или убиени согласно важечките закони “.
Во изјавата од Calvin Klein се вели: „Ја прифаќаме оваа платформа како инклузивна и почитувана средина за индивидуализам и самоизразување. Во Calvin Klein толерираме сè – освен нетолеранција “./М.М.

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

You may also like

Comments are closed.