Mon Guerlain е парфемиран манифест на денешната женственост. – Повеќеслојна жена – силна, слободна и сензуална – отелотворена од Анџелина Џоли

Mon Guerlain Sparkling Bouquet е најновиот штотуку промовиран мирис на познатата француска куќа за мода и парфеми. Лицето на новата линија на мириси, е познатата актерка, Анџелина Џоли, претставена со сета својата природна убавина. Анџелина се појавува и во придружното видео, во кое можеме да ја слушнеме песната Wild Thing од The ​​Troggs.

Опишан како овошен, свеж ориентален мирис, овој парфем содржи ноти на дуото лаванда-ванила, засилено со меката нота од круша и прозрачен јасмин од Самбак.

Mon Guerlain е визијата на жената која го инспирираше неговото создавање. Обликуван од страста и радоста на животот на актерката и филантроп Анџелина Џоли, овој мирис ја отсликува аурата на жена која едноставно зрачи, чија насмевка може да го осветли целиот свет “, стои во официјалниот опис на парфемот. https://www.guerlain.com/us/en-us/p/mon-guerlain–sparkling-bouquet-eau-de-parfum-P014247.html/М.М.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.