Авион без крила на тркала – необичен е хибрид што се движи низ патиштата на САД, привлекувајќи насекаде големо внимание. Создаден е од трупот на воен транспортен авион Douglas R4D и поврзан со шасијата на камионот International DuraStar 4400.

Необичната комбинација ја претставува работата на пензионерот на американските воздухопловни сили, Gino Lucci од Нешвил, Мичиген, кој сонувал за авио-возило, од својата осма година.
Авантурата започна неколку децении подоцна кога еден од неговите синови го нашол со години напуштениот авион. Бил тест авион пред повеќе од 30 години, пред торнадо да го исклучи од работа. Состојбата на авионот била како по торнадо.
Во средувањето и спојувањето на камионот со Douglas R4D вложени се околу 20.000 долари. Авио автомобилскиот дом е висок речиси четири метра и долг неверојатни 11,6 метри, што е сериозен предизвик за движење по патиштата. Необичното возило може да достигне брзина од 137 км/ч, иако речиси никогаш не се користи.


Внатрешноста е со вообичаени удобности, но со задржана авијациската тема. На Gino Lucci и на неговото семејство им требаше околу една година за да го постават возилото и уште две за да ги направат сите потребни преправки./М.М.

 

 

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.