Lavva, произведителот на јогурт од растително потекло (без млечни производи) објави дека е купен од својот водечки оперативен партнер, Next in Natural, со седиште во Њујорк.

Lavva е она што е следно во природните, вкусни и хранливи производи, од растителна основа, усогласени со побарувачката на чиста, здрава храна, со функционални, регенеративни состојки, вели новиот извршен директор на брендот, Jeff Lichtenstein.

Направен од пили ореви што растат на просторите на југо-источна Азија јогуртот на Lavva нуди неверојатен вкус, кремаста текстура, нема маснотии, ниту ароми или додаден шеќер. Во Lavva е додаден само кокос и разновидно овошје, со природни пробиотици, за здравје на цревата.
Јогуртите на Lavva моментално се продаваат на илјадници малопродажни локации низ САД,
Целта на брендот е да станат познати и доверливи, како една од ретките, навистина здрави и вкусни производи, велат од Lavva./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.