Утре вечер, во рамките на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“, скопјани ќе имаат можност да уживаат во бројни концерти, изложби, проекцији, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси.

Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ кадешто ќе се одигра детската претстава „Моќта на музиката“, жонглерското шоу и концерт на Мијата. Камерниот оркестар на Битола ќе се престави со „James Bond Symphony“, а настанот ќе заврши со настап на диџеј Dubnotic.
Во Кинотека ќе се одржува фестивалот „Десонанз“ кадешто ќе презентира македонската
електронска сцена, видео арт и ќе се прикажуваат филмови од кинотеката. Во Градски
парк, кај фонтаната, ќе може да се погледне „Сообраќаен инсектариум – ПајакАрт“,
групна изложба на 13 домашни автори од различни ликовни изрази.
Програмата ја збогатуваат и настани во културните институции: Во МКЦ ќе се одржува „Скопје
винил конвеншн“ и перформансот на Франк Масон ( забавувач од Нирнберг, Германија), Детскиот културен центар „Карпош“ заедно со Зоолошка градина ќе ги анимираат најмладите со „ЗОО Азбука“, во Националната галерија т.с. Даут-пашин амам ќе може да се погледне изложбата на Димитар Кондовски, а во Музејот на современа уметност ретроспективната изложба на Симон Узуновски „Пат за Волкодери“ и самостојната изложба на Јана Јакимовска „Ретро:телесни ретроспективи“.

Во Спомен-куќата на Мајка Тереза посетителите ќе можат да ја разгледаат постојаната изложба „Мисионерка на милосрдието– Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“.
Библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе организира креативна работилница за деца, поетско читање, клуб на читатели и музичка програма, во Музејот на македонската борба ќе може да се види изложбата „Скопје со културните добра” на Ансамбал Македонија, а во Музејот на Република Северна Македонија постојаната етнолошка поставка, постојаната историска поставка –
„Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940-
1949“, како и времената изложба – „Гозби за живите и предците, боговите и светците“.

Целосната програма со распоредот, локациите и учесниците може да се погледне на
www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите. ЈСП Скопје ќе вози бесплатно од 18 до 05 часот, а ќе функционираат и
ноќните линии.
Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а
покровители се Сити радио и Лајф радио./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.