Околностите со кои се соочува целиот свет, условија нови начини за прикажување на креативноста на студентите на студиската програма Дизајн и инженеринг на облека, при Технолошко-металуршкиот факултет.  Видео презентацијата на традиционалната, дваесет и прва по ред модна ревија на студентите на студиската програма Дизајн и инженеринг на облека е преставена преку јутјуб каналот.

Во видеото се претставени дизајните на студентите од II, III и IV година на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Темата на модната ревија оваа година е ИДНИНАТА Е ОДРЖЛИВА.

Студентите под раководство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева, ја интерпретираа оваа тема, со нивните креации изработени од материјали кои можеа да ги најдат во архивата на ТМФ, во плакарите на нивните мајки, со редизајн на плетенините на нивните баби, со рачно фарбање со природни бои, со ре-употреба на винтиџ облека и со разни други идеи кои значат нов и одговорен однос кон облеката и дизајнот во иднина.

Голема благодарност до Универзитетот Свети Кирил и Методиј, како и на Правниот факултет Јустинијан Први, за укажаното гостопримство. Архитектурата на универзитетот, со својот бруталистички израз, одлично се вклопува во темата./М.М.

You may also like

Comments are closed.