Bottega Veneta

Дел од најновата Wardrobe 02 кампања на Bottega Veneta (во која доминира облека создадена од „крлушки„) се и новите Mount торби. Квалитетот на изработката се потврдува со потеклото на материјалот, што во случаов е Saint-Germain кожата, во меката Raffaello варијанта, или, лесниот кадифен кашмир. Достапни се во мали и средни димензии, во повеќе бои, како: смарагдно- зелена, жолто златна, бело-златна, црно-златна или златна.

Bottega Veneta

Bottega Veneta

Bottega Veneta

Во Bermuda моделот, од истата колекција, горната рачка е направена од дрво, а затворањето е со магнети сокриени во деталите од кожа.

Bottega Veneta

Bottega Veneta е италијанска модна куќа, со седиште во Милано, основана во 1966 година, во Виченца, Венето, Италија. Во мотото на компанијата се вели: Откријте го светот на Bottega Veneta®. Квалитетни материјали и ненадмината изработка – тоа е новиот стандард на луксуз, на Bottega Veneta од 1966 година./М.М.

Bottega Veneta

You may also like

Comments are closed.