Ивана Манас

После ревијата на Долче и Габана која се случи во Милано, вчера прекрасната  Ивана Манас имаше ревија за американскиот моден дизајнер Рик Овенс во Венеција. Во една пост апокалиптична атмосферам на самиот брег покрај морето, Овенс ја представи својата нова колекција есен-зима 21/22.

Ивана Манас

Нашата Ивана Манас имаше три аутфити за ова модно шоу. Како интересен податок врзан токму за овој дизајнер е дека има негова линија на мебел, инспирирана од архитектонски елементи на Брутализмот како и германските бункери од Втората Светска Војна. Манас по Венеција е вратена во Милано и повторно почнува со кастинзи и нови закажани проекти. Од нејзината матична агенција „Моделс Ин Менаџмент„ велат дека будно го следат секој нов ангажман и очекуваат наскоро да ја видат во Парис или Њујорк. И посакуваат многу среќа и нека си го живее сонот со широко отворени очи./M.M.

Ивана Манас