ВестиКозметикаМода вести

Восхитот на почетокот на љубовта во парфемот на Селена Гомез

Новиот Rare Beginnings Eau de Parfum ја претставува идејата за почетокот на љубовта

Селена Гомез го проширува парфемскиот свет на својот козметички бренд Rare Beauty со Rare Beginnings Eau de Parfum, мирис инспириран од возбудата, можностите и авантурата што ги носи новата љубов.
Станува збор за втор парфем на брендот, по Rare Eau de Parfum, а Гомез го опишува Rare Beginnings како „светол и сладок“ овошно-цветен мирис. Композицијата ги спојува нотите на нектар од круша, ф’стаци, гарденија, јасмин, цвет од лотос, топла ванила и розов шеќер.
За разлика од класичниот Rare EDP, кој според Гомез е поврзан со самодовербата, стабилноста и чувството на удобност, новиот мирис е посветен на моментот кога нешто ново штотуку започнува. Rare Beginnings се надоврзува на тоа, но ја доловува возбудата и трепетот на новата љубов“, вели Гомез.
Парфемот е развиван во соработка со парфимерот Жером Епинет, со кого Rare Beauty работеше и на првиот parfem, како и на колекцијата Find Comfort. Наместо класичен список на задолжителни мирисни ноти, Гомез и тимот започнале со емотивна идеја – како да се преточи одредено чувство во мирис.

Токму емоцијата е во центарот на нејзиното доживување на Rare Beginnings. Гомез открива дека уште при првото мирисање почувствувала силна привлечност кон композицијата и дека постојано ѝ се враќала во текот на развојот на производот.
Новиот парфем може да се комбинира и со парфемските балсами за слоевито нанесување од Rare Beauty, достапни во мирисите Juicy Pear и Sweet Marshmallow, со што корисниците можат дополнително да ја приспособат аромата.
За Селена Гомез, мирисите се многу повеќе од комбинација на парфемски ноти. Таа ги поврзува со личните сеќавања и животните периоди. И токму личните моменти остануваат она што за неа е навистина „ретко“ и посебно. Гомез вели дека најмногу ги цени приватните моменти поминати со семејството и пријателите.
Според реакциите на нејзините пријатели, кои Гомез во шега ги нарекува своја неофицијална фокус-група, Rare Beginnings остава свеж, топол и светол впечаток, а неговата арома се задржува во текот на денот.
Rare Beginnings Eau de Parfum веќе е достапен за продажба преку Rare Beauty и Sephora. Парфемот од 50 ml се продава по цена од 78 американски долари, додека патувачката верзија од 10 ml чини 30 долари. Достапни се и балсамите за слоевито нанесување, во пакување од 20 ml, по цена од 20 долари.
Фото: Rare Beauty

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.