Општината Бар од 27 декември годинава до втори јануари 2024 година, организира богата новогодишна понуда во која во музичкиот дел, гостите ќе ги забавува и Лепа Брена.
На промоцијата на новогодишната програма на Бар, организирана од Туристичката организација Бар и Амбасадата на Црна Гора во нашата земја, истакнато е дека Бар годинава има најбогата програма за Нова година од сите градови на црногорското приморје.

Според програмата, на 27 декември ќе настапи Андреа Демировиќ, ден потоа Бојан Маровиќ, на 29. декември – Наташа Беквалац, на 30-ти Лексингтон, а по настапот на Брена, на новогодишната ноќ, на први јануари ќе настапи „Лапсус бенд“, а ден потоа Анѓелина.
Спорсткиот центар „Тополица“ во деновите на прославата ќе биде во свечено, новогодишно руво. На платото ќе бидат поставени и куќички со локални специјалитети и освежувања.


Бојан Брацаровиќ од винаријата „13 Јули – Плантаже“ истакна дека се надева дека гостите ќе уживаат во дегустацијата на нивните вина, подвлекувајќи дека годинава одбележуваат два големи јубилеја – 30 години од виното „Вранец Прокорде“ по кое се познати ширум светот и 60 години од основањето на винаријата./М.М.

More in:Вести

Вести

MISS WORLD NEW GENERATION 2026

Минатата недела во Фрушке Терме, Војводина, Србија се одржа првото издание на изборот за MISS ...

You may also like

Comments are closed.