Wine Berry се новиот вински бар и продавница отворени во центарот на градот. Со уникатен концепт нуди повеќе од 150 вина, од странски и домашни винарии. Единственоста на Wine Berry започнува од големиот, внимателно составен избор на вина, пријатната атмосфера, стручна консултација и сугестии што купувачот може да ги добие. Во Wine Berry може да се најдат најразновидни вина со потекло од Италија, Франција, Чиле, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Африка, Калифорнија, Португалија, Шпанија, Аргентина.

Wine Berry уживањето во виното го прави достапно за секого а не привилегија само за познавачите, според сопственичката на винскиот бар, Јадранка Клариќ Кимовска, долгогодишен вински работник со огромно искуство и вински витез во Македонија.

“Овде секој ќе може да добие насоки за потеклото на виното, за сортата, за основните ноти, за храната со која се препорачува, што да бара и што да добие од виното”, вели Клариќ Кимовска.

Вината се достапни за дегустација на чаша и за купување во оригинална амбалажа и тоа по пристапни цени, а исто така се нуди и можност за мали групни дегустации што е посебно искуство во пријатниот амбиент и атмосфера на Wine Berry. Во продавницата се нуди и голем спектар вински аксесоари, за домашна но и за употреба во хорека синџирот.

Винскиот бар и продавницата Wine Berry се наоѓа на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, број 36, во Скопје.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.