По повод одбележувањето на јубилејот на Balenciaga – 50 години Couture China Special, модната куќа претвори пет поранешни резервоари-контенјнери на Tank Shanghai, во привремен салон за мода. Тимот за внатрешна архитектура на Balenciaga, одговорен за дизајн, го трансформираше постојниот музејот во салон за облека, изложбен салон, голема сала и сала за банкет.

Просторите се опремени со копии на оригинални парчиња од салонот и ателјето на Cristobal Balenciaga од 1930-тите. Мебелот е реплика од првите модни ревии на Balenciaga, во 1930-тите години во Париз, а поставени се и огледалата во отворите меѓу завесите за да се рефлектираат просториите. „Бидејќи Кина не е табла да може да патува во Европа, сметав дека е наша должност да ја донесеме 50-тата колекција на мода на Balenciaga“, вели креативниот директор на Balenciaga, Demna Gvasalia.
Седум, нивоа на завеси се поставени во највисокиот простор на кој е поставена изложбата 50th Couture Collection China Special. Завесите се организирани во кругови, додека манекените кои ја прикажуваат колекцијата се рамномерно распоредени во кружна формација на салонот, што го следи отпечатокот на поранешниот резервоар и завесите.
Апартманот за облекување е дизајниран да им понуди на клиентите на Balenciaga традиционално искуство со модата. Вклучува специјални карактеристики на традиционален простор на висока мода што подразбира салон за преглед на облеката, подиум за мерења за прилагодување на облеката што се пробува, како и приватни места за пресоблекување.
Просториите се дизајнирани со цел на посетителите и на клиентите да им ја понудат традиционална церемонија на модата во стилот на Balenciaga./М.М.

You may also like

Comments are closed.