Versace го претстави Versace Pour Femme Dylan Purple, новиот мирис кој ќе биде дел од колекцијата во која се наоѓаат Versace Pour Femme Dylan Blue од 2017 година, како и Versace Pour Femme Dylan Turquoise од 2020 година. Versace Pour Femme Dylan Purple е инспириран од моменти поминати на италијанските плажи, со неизбежните и неповторливи италијански сладоледи. Низ Dylan Purple, Versace ја враќа едноставната, чиста и недопрена среќа во Италија.
Versace Pour Femme Dylan Purple е покана за патување. Свежото, овошно и заводливо отворање им оддава почит на сладоледите во Италија и на нивните легендарни вкусови. Цветното срце претставува зајдисонце крај водата, виолетови рефлексии и благ мирис носен од ветерот. Цветно-овошниот состав вклучува ноти на горчлив портокал и бергамот од Италија, круша, виолетова фрезија и молекули на помароза, махонијал, ISO-E-Supe, амброксан, беламбре и силколид./М.М.