Moschino Toy 2 Pearl е интензивен унисекс парфем чие создавање е инспирирано од бисерите од Тахити, а самиот начин на компонирање на мирисните ноти револуционерен!


Отелотворувајќи раскош, Devon Aoki открива мирис создаден по невообичаен, револуцуинерен пат. Имено, Toy 2 Pearl го истражува длабокото влијание на состојките врз умот, преку невро-науката. Така овој парфем на Moschino е создаден со користење на уникатна програма на Science of Wellness, со вклучување на вештачка интелигенција, ексклузивни IFF состојки и 40-годишни податоци за вкусовите на потрошувачите. Иновативната употреба на овој пристап на Domitille Michalon-Bertier резултира со Toy 2 Pearl, мирис кој уникатно стимулира длабоко чувство на радост и енергија кај својот носител.
Toy 2 Pearl се симфонија компонирана од цитрус, цветни срцеви ноти и сладок ветивер, елегантно обвиткани во блескави шишиња кои потсетуваат на океанските убавини.


Од Moschino со особено задоволство ги посочуваат акредитивите за одржливоста: 99,9% од состојките се добиени со помош на зелена хемија, 94% од основните материјали се биоразградливи и 44% од состојките се добиени по природен пат. Компатибилен е и со веганските принципи./М.М.

You may also like

Comments are closed.