Светот на мирисите е субјективен: може да биде туѓа идеја за пеколот но, понекогаш, се случува и нешто што веднаш е препознатливо и посакувано – што станува културен феномен. Од TikTok тврдат дека токму тоа се случува со Baccarat Rouge 540.

На TikTok за Baccarat Rouge 540 се вели дека е парфем над парфемите. Создаден е од Francis Kurkdjian, глобално познат парфимер и веројатно еден од најголемите, кој наскоро почнува да работи за Dior, како креативен директор на нивната парфимеија.
Baccarat Rouge 540 за прв пат е лансиран во 2015 година, како резултат на долгогодишната врска помеѓу Kurkdijan и Baccarat – француски производител на кристали. Создаден е по повод одбележувањето на 250 години постоење на Baccarat, во само 250 нумерирани кристални шишиња. По прославата и бројните комплименти за парфемот и по пет години затишје, Baccarat Rouge 540 се создава и продава од парфемската куќа на авторот – Francis Kurkdjian. Илјадниците коментари на социјалните мрежи, кои деновиве ги субимира и анализира TikTok, се со ист заклучок – Baccarat Rouge 540 е парфем над парфемите, оние што го носат велат дека се чуствуваат неверојатно. https://www.franciskurkdjian.com/int-en/p/baccarat-rouge-540-eau-de-parfum-10223021.html

Пред ова време на Baccarat Rouge 540, тоа беше Le Labo’s Santal 33, мирис што брзо стана трепознатлив на модните недели во Лондон и во Париз. Пред тоа, пред и зад сцената, а и во првите редови на модните ревии, пленеше Flowerbomb на Viktor & Rolf, а тука е Molecule 01, на Escentric Molecules , што го менува мирисот и е сакан затоа што на секого мириса сосема поинаку./М.М.

Убавина вести

Аdvent Сalendars

Секоја година модните куќи за убавина особено внимание посветуваат на празничните, Аdvent Сalendars. Тоа е ...

You may also like

Comments are closed.