Thornbury Castle, по реставрацијата реализирана од страна English Heritage, е претворен во хотел и од овој септември е отворен за посетителите и гостите.

Изградбата на замокот ја започнал благородникот Edward Stafford.

Edward Stafford (единствениот човек што во тоа време по богатство му конкурирал на кралот) започнал со изградба на замокот во 1511 година. Тоа бил приказ на амбиција што му пречела на кралот.

Го обвинил Stafford за предавство, го обезглавил, а замокот го присвоил. Замокот му се видел мал но убав, па тука повеќепати престојувал – некогаш на лов, а и во друштво на одбрани дами.

Зад камените ѕидови дебели четири метри повторно е луксузно уреден простор, достоен на еден крал.

Од хотелот истакнуваат дека се извонредно опремени за деловни средби и венчавки, како и за романтичен престој на вљубени – слично како што тоа било некогаш, кога замокот бил љубовно гнездо на Henry VIII и Anne Boleyn. https://www.thornburycastle.co.uk/

Оваа уникатна дестинација, опкружена и создадена од импозантни камени sидови и исполнета со луксуз на еден замок, е траен доказ за времето во кое Tudors супериорно владееле./М.М.

You may also like

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

Comments are closed.