„Кристалната„ компанија го продолжува своето поставување на чудесни продавници со отворање четвртата локација на Instant Wonder. Во центарот на Менхетен, отворена е најновата Instant Wonder продавница, со нов живописен концепт кој ги претставува кристалите во сите нивни форми: накит, часовници, фигурини и сите други безројни модни додатоци и предмети од кристал.

Swarovski

Влезете ли во продавницата на Swarovski’s SoHo ќе се транспортирате во блескава кутија за накит, полна со парчиња од кристал. Блескавиот, оригинален дизајн е идеја на креативната директорка на Swarovski, Giovanna Engelbert, а го реализираше Villa Eugenie, париска агенцијата за настани. Комбинирајќи ги каприциозноста и фантазијата за магичните поставки на Алиса во земјата на чудата, Willy Wonka и фабриката за чоколади, просторот во зелена и розова боја е исполнет со се нешто направено од кристал.
Во Instant Wonder SoHo има кристал во физички и дигитален облик, со кои посетителите се повикуваат на необично искуство при купувањето. Виртуелните тури и прегледите на колекционерски парчиња, се само дел од она што може да се види во оваа чудесна продавница.

Swarovski

Swarovski е познат по создавањето моменти што ги воодушевуваат посетителите. Првата Instant Wonder локација беше отворена во Милано во февруари, па следеше Париз во март, потоа Rockefeller Center месец дена подоцна, а сега и SoHo, од вкупно 24 продавници што наскоро ќе бидат отворени на глобално ниво.
Swarovski насекаде настојува да ја доловува истата гламурозна суштина што со децении успешно ја реализира./М.М.

You may also like

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

Comments are closed.