Модната дизајнерка Stella McCartney си исплати над два милиона фунти, иако истоимениот бренд Stella McCartney Ltd е во загуба последните четири години, а само лани е забележан минус од 32,7 милиони фунти. Според финансиските документи, вкупната загуба во изминатите четири години изнесува околу 100 милиони фунти, објави англиското издание на Daily Maill.

Креациите на Stella McCartney ги носат бројни познати личности, меѓу кои и поранешната прва дама на САД, Melania Trump, пејачката Beyoncé и адвокатката за човекови права Amal Clooney. Ексклузивната клиентела, очигледно, не е доволна за да се работи без загуби.
Според финансиските документи дизајнерката изминативе четири години, од кога нејзината компанија работи со загуби што постојано растат, си исплатила десет милиони фунти од Stella McCartney Ltd.

Извештајот објаснува и дека доколку сака како да ја подобри посакуваноста на брендот, треба да привлече нова генерација на клиенти. Стратегијата за привлекување помлади купувачи вклучува реализација на мерки и активности на брендот кога се во прашање заштита на планетата, заштита на животната средина и правата на животните.
Како резултат на нејзините напори во таа насока создадена е новата Frayme чанта, направена од веганска кожа.
Луксузните модни куќи беа погодени за време на пандемијата, но се чини дека финансиските проблеми на г-ѓа Макартни датираат барем од 2018 година – пред влијанието на заклучувањата и хаосот во глобалните синџири на снабдување што ја уништија индустријата.
The Mail on Sunday пред два месеца откри дека брендот, кој е делумно во сопственост на францускиот моден гигант LVMH, собрал речиси 100 милиони фунти со издавање на нови акции. Г-ѓа Мекартни има 51 отсто од брендот, преку компанија наречена Anin Star./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.