Кристалите на Swarovski блеснаа на најновите модели долна облека и модни додатоци на SKIMS како резултат на најновото партнерство на куќата за накит и брендот за облека на Kim Kardashian.


Дизајнирана од Giovanna Battaglia Engelbert, креативната директорка на Swarovski AG, колекцијата има за цел да ги спои пионирските иновации на долната облека со гламурот на кристалите познати ширум светот.


Swarovski X SKIMS капсула колекцијата содржи долна облека од ултра меки ткаенини со опшиени кристали кои блеснуваат со секое движење. Достапни во три нијанси, овие парчиња одлично се комбинираат со накитот за тело Swarovski.

Ултра удобната памучна облека е повторно замислена со кристално лого Swarovski X SKIMS, комбинирајќи ја лежерната удобност со допирот на луксуз.
Колекцијата е достапна на www.skims.com и во одбрани бутици на Swarovski./М.М.

You may also like

Comments are closed.