![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2023/03/C3E8D75D-5909-48FF-A4EE-8E9D4B1AFEF4.jpeg?resize=700%2C400&ssl=1)
Shaleva, дизајнерскиот бренд што нуди модерни, тренди и уникатни креации, на 20 овој месец отвора свој поп-ап бутик во Париз. Бутикот ќе биде отворен до петти април, на 5 rue du Grand Prieuré, со работно време од 17 до 21 часот.
Shaleva е бренд на македонската дизајнерката Душица Шалева Петит, која живее и твори во Париз и досега има реализирано повеќе преставувања на свои колекции во Франција, како и на една модна ревија во Скопје.
Современите и оригинални креации на Shaleva ја отелотворуваат француската изработка, а стилот на брендот, според белешките на сајтот, им овозможува на жените и на мажите да се чувствуваат уникатно, привилегирано и исклучително./М.М.