Како и секогаш, отстапувајќи од трендовите, а понекогаш дури и од модата во вистинска смисла на зборот, Iris Van Herpen низ новата колекција претставува и уникатната креативност и моќен талент.

Потрагата по сите облици и видувања на слободата е доминантна тема на создавањето. Овој пат брилијантната, светкава палета на бои не води во магичниот свет на Iris Van Herpen: од божици до воини, од принцези до самовили! За силните жени, додава Van Herpen во претставувањето на нејзината најнова колекција насловена како Architectonics.

Холандската дизајнерка за деновите на париската висока мода приреди несекојдневно волшебно модно шоу. Колекција е инспирирана од пловечките градови и концептот на бионички дизајн и наликувајќи на светот на Аватар. Претставена е единствена, футуристичка визија за човекот кој живее и на копно и на море како во два спротивставени света кои се здружуваат за да формираат еден – единствен.

За оваа колекција, таа црпеше инспирација и од Jacques Rougerie, познат како Архитект на морето, и Bjarke Ingels, изумител на првиот пловечки град во светот.

И самата архитектка, таа ги редефинира традиционалните граници на модата со секоја нова колекција. Новата колекција Architectonics, според дизајнерката е совршена симбиоза на движење и тишина, земја и море, сегашност и иднина. Може да се проследи тука.

Iris van Herpen и со оваа колекција порачува: сè зависи од сè – Сè повеќе, дури и преку науката, почнуваме да разбираме дека религиозната мисла е всушност реална, сè зависи од сè./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.