
Холивудската актерка Scarlett Johansson повторно го насочува вниманието на јавноста – овој пат со нова линија на кармини во рамки на нејзиниот бренд за нега на кожа, The Outset.
Откако нејзиниот популарен сјај за усни Lip Oasis дури седум пати беше распродаден , брендот ја збогатува понудата со три нови нијанси, инспирирани од овошје. Сакав нијанси што се универзално привлечни, со вистинска покривност и пријатен, но не интензивен мирис. Новите кармини нудат иста хидратација и сјај како и Lip Oasis, но сега со живописен, тропски дух, изјави Јohansson.
Започнувајќи го брендот во 2022 година, актерката ја опишува својата филозофија за нега на кожа како „радикално нежна“, создадена специјално за лица со чувствителна кожа – каква што има и самата. Таа признава дека патот до создавање на квалитетна козметичка линија бил полн со предизвици: од развој на формули и пакување, до обезбедување одржливи состојки и управување со синџирот на снабдување. Иако не се откажува од фокусот на нега на кожа, таа не ја исклучува можноста во иднина да се прошири во доменот на декоративната козметика. Според Scarlett Johansson шминката е нега на кожата, и обратно. Има простор за развој и ќе продолжиме да слушаме што сакаат нашите корисници.
Новите кармини од The Outset се веќе достапни онлајн, а брендот продолжува да го гради својот имиџ на природна, ефективна и грижлива козметика, како вистинско освежување во пренатрупаниот свет на убавина./M.M.