Верува дека молитвата е универзален импулс што ја надминува секоја религијата, а инспирацијата ја црпи од историјата на молитвата.Тој е Ryunosuke Okazaki, јапонски дизајнер, роден во Хирошима.

Вашата работа има футуристички квалитет, но најголемиот дел од вашата инспирација доаѓа од историјата. Како ја толкувате јапонската култура и историја преку модерен објектив?

Формите што се создавале низ историјата ги толкувам и изразувам на модерен начин.

Ryunosuke Okazaki е јапонски дизајнер роден во Хирошима 50 години по фрлањето на атомската бомба која го уништила градот и неговите жители.  Ryunosuke уште во детството ја има почувствувано тежината на мрачната историја на неговиот роден град, па молитвите за мир и јапонска култура силно проникнуваат во неговите авангардни дизајни. Облеката на Ryunosuke се издвојува по својот храбар футуристички и архитектонски дизајн. Геометриските форми излегуваат од силуетата  на телото, а надреалистичката енергија како целосно ги обвиткува моделите.

Ryunosuke има дипломирано дизајн на Универзитетот за уметности во Токио, а бил и првонаграден на Дипломската изложба. Неговата дипломирана колекција, JomonJomon, е инспирирана од керамиката од времето на Jomon, кадешто во дизајност е користено јаже, поради што моделите се повеќе декоративни отколку функционални.

Најновата колекција на Ryunosoke, Pray, претставена на модната недела во Токио, ги прикажа неговите препознатливи световни скулптурни фустани.

Ryunosoke смета и дека одржливиот дизајн е негова одговорност како човечко суштество во природниот свет. Неговиот пристап е спротивен на масовното производство, аза облеката која наликува повеќе на уметничко дело, засега најголем интерес пројавуваат филмската и театарската уметност.

Молитвата е начин на размислување за мирот на светот, за себе и другите. Молитвата е суштински дел од создавањето и секое дело ја содржи молитва.

Фустанот наречен Wearing Prayer  од најновата колекција е направен од рециклирана хартија. Хирошима, мојот роден град, вели Ryunosoke, има историја на атомски бомба и секоја година луѓе од целиот свет испраќаат оригами  за да ги оплакуваат жртвите. Со тоа што направив фустан од хартија за оригами, кои се инкарнација на молитвите на светот, се обидов да создадам нова вредност.

Мојот сегашен стил подразбира да создавам со моите раце. Овој чин е многу природен и јас самиот со нетрпение го очекувам завршувањето на мојата работа, вели Ryunosoke.Многу е природно да се гледа како се создава делото и се чувствувам како и јас самиот, креаторот, да сум дел од природата. Актот на изработка на самото дело може да се каже дека е чин на молитва.

Студирав широк спектар на уметност и дизајн наместо модно образование, истакнува Ryunosoke За мене е многу важно во мојата креативна работа да продолжам да ги изразувам концептите кои се важни за актуелното општество, а верувам дека тоа е важно и во светот на модата. Би сакал да продолжам да пренесувам важна порака преку моите креации во светот во кој живееме сега.\М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.