На жените ќе им помогне да го забават процесот на побелување на косата и ќе и дадат повеќе јачина, густина и волумен. Сакаме секоја жена да има здрава коса, а со тоа да зрачи со убава енергија, самодоверба и да ужива во сите убави моменти на животот што би рекле ние “Новата ѕвезда е родена”, велат од брендот.

Системот се состои од Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид. И двата производа содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM, концентриран екстракт од листовите на Cassia Alata , растение познато по своите лековити и антивоспалителни својства. DN-AgeTM молекулата е инспирирана од одбранбените својства на растението за да ги заштити фоликулите на човечката коса и скалп и да го забави процесот на стареење. Ефектите како антиоксидативен, антивоспалителен, против-избелувачки ефект како и способноста за одржување на својствата за раст и стимулирање на обнова се докажани во бројни in vitro и in vivo студии. Во една студија, 80% од испитаниците ја опишуваат својата коса како посилна и погуста после секојдневна употреба на DN-AgeTM на скалпот. Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуидот содржат и екстракт од еделвајс од швајцарските алпи, растение познато како “преживувачка sвезда”, кое има способност да расте на големи надморски височини и високи температури.

Ефектите од процесот на стареење на косата се многу повеќе од само појава на бели влакна и вклучуваат и сувост, истенчување, кршливост, недостаток на волумен и сјај. Како што клетките на кожата ја губат својата природна способност да се спротивстават на оксидативниот стрес и оштетување, Revalid® Anti-Aging системот им ја обезбедува потребната поддршка за одржување на здрава текстура, волумен и изглед.

Revalid® е бренд основан во 1992 во Швајцарија, специјално создаден да обезбеди холистички решенија за нега и против опаѓање на коса. Развиен од експертите, за да ја направат вашата коса поздрава и поцврста, Revalid® високо квалитетните производи се специјално формулирани да ги задоволат потребите на сите. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија и може да се најдат во аптеките во земјава.

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.