Max Mara

Со стивнувањето на пандемијата полека заживуваат модните настани, а се враќаат и ревиите на прекрасните, живописни места, Во пресрет на париската модна недела, на 4. јули, повеќе модни куќи ги преставија своите Resort колекции на егзотични локации. Max Mara, колекцијата за одмор ја престави на впечатлива модна ревија, на островот Ischia, во Италија.

Max Mara

За креативниот директор и авторот на  колекцијата “Local Color”, Ian Griffiths, одбраната локација е единствено соодветна и преставува совршен контраст на бои и вистинско опкружување за неутралната палета која дизајнерот ја одбра за својата колекција.  Бела, беж и црна се одбрани како средишни елементи за преставување на моделите.

Инспириран од 50-те и 60-те, дизајнерот развива импресии со нови облици и пропорции. Секој модел на пистата изнесе и модни детали – големи ташни и патни торби, покажувајќи ја главната инспирација.

Max Mara Resort

Впечаток остава и цветниот дизајн на островската пелагонија, резервиран за фустаните за кои дизајнерот тврди дека се непретенциозно убави. Лесните туники со ракави и странични отвори, исто така, се совршено усогласени со локалниот дух на самата колекција.

Меѓу поканетите јавни личности од светот на модата но и пошироко,  беа и познатите инфлуенсерки  Camila Coelho, Caroline Daur i Leonie Hanne./М.М.

Max Mara

Max Mara

Max Mara

Max Mara

Max Mara

Max Mara

Max Mara

Max Mara

Max Mara

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.