Корпорацијата Ralph Lauren (NYSE: RL) ја претстави Color on Demand, новата, револуционерната платформа за боење што ќе овозможи модната индустрија да го бои памукот поодржливо, поефикасно и побрзо од кога било досега. „Color on Demand„ е повеќе фазен систем, чија цел е во светот да  го испорача првиот систем за боење на памук со нула отпадни води.

„Color on Demand “ претставува нов, значаен чекор во заложбите на Ralph Lauren за решавање на еколошките проблеми во производството, овој пат преку елиминирање на употребата на опасни хемикалии и намалување на употребата на вода во обработката и боењето на памукот до 2025 година.

Секоја година, трилиони литри вода се користат само за боење на ткаенините, генерирајќи околу 20% од светската отпадна вода. Оваа нетретирана отпадна вода е неверојатно загадувачка и традиционално бара ригорозен, долг и скап третман за водата да може повторно да се користи.

Дизајниран да помогне во справувањето со загадување предизвикано од боењето на памукот, „Color on Demand “ е нов систем составен од пакет технологии што ќе овозможат рециклирање и повторна употреба на целата вода од процесот на боење, воспоставувајќи за прв пат во светот боење на памук со нула отпадни води. Во прилог на значителна заштеда на водата, Color on Demand и драматично го намалува количеството на хемикалии, боја, време и енергија што се користат во процесот на боењето на памукот.

Ralph Lauren корпорацијата е потписник на декларацијата „ We Are Still In „ и на Повелбата за модна индустрија на ООН за климатските активности, ветувајќи дека ќе дејствува согласно со целите на Парискиот договор. Компанијата е исто така член на G7 Fashion Pact, група модни лидери кои работат на запирање на глобалното затоплување, враќање на биодиверзитетот и заштита на океаните.

„Недостатокот на вода и загадувањето се важни прашања за модната индустрија и преку нашето партнерство со Ralph Lauren работиме на решавање на овие предизвици“,вели Sheila Bonini, Senior Vice President, Private Sector Engagement at World Wildlife. „Технологијата има можност да ги забрза промените, и затоа е возбудливо да се види како Ралф Лорен воспоставува нови иновативни модели кои ги трансформираат застарените практики и можат да дадат мерливи резултати за луѓето и планетата. Ова е токму оној вид лидерство што треба да го видиме од модната индустрија “./М.М.

 

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.