
Кога Donatela Versace неодамна го напушти кормилото на модната куќа Versace, а за нов креативен директор беше именуван Dario Vitale, познавачите на состојбите јасно посочија дека преземањето на Versace од модниот гигант Prada не е повеќе шпекулација, туку прашање на денови. Така и се случи – Prada официјално соопшти дека постигнале договор за купување на луксузниот бренд Versace за 1,25 милијарди евра.
Во соопштението на Prada се посакува добредојде на Versace во групацијата Prada, со која се споделуваат посветеноста кон креативноста, занаетчиството и наследството. Според Patricio Barteli, претседателот на групацијата Prada, целта на договорот не e кратење на буџетите или рационализација на естетиката, туку ослободување на потенцијалот за нов раст на Versace, овозможувајќи му да ја задржи својата креативна моќ.
Според предвидувањата, аквизицијата треба да биде комплетирана во втората половина од годинава, а консолидацијата на Prada и Versace да ја засили нивната позицијата кон LVMH, францускиот гигант во модната индустрија.