Prada го одржа зборот во врска со одржливоста, со колекција од сертифицирано рециклирано злато. – Еколошкиот отпечаток на традиционалното ископување на златото е огромен: ја оптоварува околината и и се заканува со употреба на високо токсични материи како цијанид и жива. Има и огромна потрошувачка на енергија и високи емисии на јаглерод.

Prada официјално влегува во светот на накитот: првата колекција е изложена во Милано, во галеријата Виторио Емануеле.
Колекцијата е со евокативно име Вечно злато, Eternal Gold. Во рекламната кампања накитот го носат актерката и пејачка Maya Hawke, поетесата Amanda Gorman и пејачката Somi Jeon.

Prada го одржа зборот во врска со одржливоста, со колекција од сертифицирано рециклирано злато. Лансирани по 14 месеци развој, 48-те парчиња накит се со унисекс дизајн, со минималистичка, но храбра естетика, доследна на Prada.
Во соопштението за печатот се вели дека колекцијата е создадена имајќи ја предвид иднината каде што накитот е наследство што се пренесува со генерации.
Prada накитот е вграден во практиката на одрживоста која го дефинира луксузот во 21-от век, заедно со занаетчиските техники и скапоцените метали зачувани од времето“.

Златото е еден од најретките елементи на земјата, а ископувањето на овој благороден метал е исклучително скапо. Од околу 200.000 тони во оптек ширум светот денес, во форма на накит или златни прачки, 75% од златото е ископано од 1950 година. Според извештајот на Геолошкиот институт на САД од 2019 година, преостанатите златни резерви на Земјата најверојатно ќе бидат исцрпени во следните 15 години.
Затоа рециклирањето на златото е сè поважно. Дополнителна причина е еколошкиот отпечаток на традиционалното ископување на златото. Ја оптоварува околината и и се заканува со употреба на високо токсични материи како што се цијанид и жива. Има и огромна потрошувачка на енергија и високи емисии на јаглерод.

Уделот на рециклирано злато во вкупното производство постојано се зголемува, за сега да сочинува повеќе од една четвртина од годишната понуда на светскиот пазар. Во последните три години, учеството на рециклираното злато во вкупната понуда е меѓу 25,3% и 27,3%. Сепак, подготвеноста на инвеститорите да продаваат злато што може да се рециклира е клучна за уделот на рециклирано злато на глобалниот пазар.
Златниот накит, забното злато и златото од индустриските погони сега се целосно рециклирани. Само околу 15% од златото собрано од таканаречениот електронски отпад се враќа на пазарот. Остатокот рутински се испраќа во земјите во развој како безвреден електронски отпад./М.М.

 

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.