Oura Ring

Годинава, најпосакуваниот прстен не е дијамантски, но може да ви каже дали и колку сте здрави. – Со Oura Ring знаете зошто се чуствувате така како што се чуствувате

Oura е прстен што користи напредна технологија на сензори за да ви даде точен и персонализиран увид во здравјето на вашето тело, со помош на мобилна апликација. Како и другите паметни уреди, прстенот може да ја следи вашата температура, варијабилноста на срцевиот ритам и ефикасноста на спиењето. – Во случај на инфекција, прстенот ќе ве извести дека состојбата не е нормална, што може да укаже на болест.

Oura прстенот го носат бројни познати личности – од принцот Хари до Ленс Армстронг, кои се видени со прстен на раката, а повеќе од 300 илјади примероци се продадени ширум светот. – Направен е од лесен титаниум, отпорен на гребнатини и вода, достапен во четири различни варијанти, вклучувајќи класично сребро и  злато.

Може ли Ура да открие ковид-19?

Oura Ring не е медицинско помагало и не е наменет за дијагностицирање, лекување,  следење или спречување на одредени болести или состојби. Oura Ring нуди персонализирано водство, што може да ги информира корисниците за ненадејни промени во нивното здравје, што може да биде показател на инфекција или болест.

Корисниците треба да побараат совет од лекар доколку видат вознемирувачки трендови или индикации во нивните податоци. Целта на Oura Ring е и ќе продолжи да биде подобро да ги едуцира и информира корисниците за нивното здравје./M.M.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.