BVLGARI

Serpenti торби на BVLGARI  имаат нов дизајн. Грчката дизајнерка Мари Катранцу им даде нов живот во класичните модни додатоци. https://www.bulgari.com/en-int/bags-and-accessories/bvlgari-picks/mary-katrantzou-x-bvlgari/

BVLGARI

Презентирајќи го својот познат калеидоскопски дизајн на торби и паричници со змии, дизајнерката понуди единствена опција на омилените модели на BVLGARI. Презентирани се во кампањата во која главната улога ја доби Наталија Водијанова. Мини чантите во живописна црвена и аквамаринска сина добија златни горни рачки во форма на мали змии. Блескавите копчиња, обликувани на ликот на змиските глави, се украсени со скапоцени камења. Асортиманот на поголеми торби е во форма на пеперутка, создавајќи идеален контраст на нивната инаку цврста конструкција. Соработката на овие две големи имиња ја завршува змиската глава BVLGARI, претворена во паричници и медаљони./М.М.

BVLGARI

BVLGARI

 

You may also like

Comments are closed.