Времето е сега – не пропуштајте го моменотот, велат создавачите на Nowatch, додавајќи дека се работи за првиот Awareable во светот. Ве инспирира да живеете во моментот. Со тивко снимање на вашите најважни био-податоци и давање приспособени повратни информации. Така можете да ја вратите рамнотежата и благосостојбата – во овој и секој друг момент за исполнет живот. https://nowatch.com/

 

Промовиран на Саемот за потрошувачка електроника 2023 (Consumer Electronics Show – CES), Nowatch е паметен уред без екран, кој ветува дека ќе го подобри здравјето и ќе го намали стресот, без да го одвлекува вниманието.
Nowatch, или„ сега гледај“, всушност воопшто не е часовник – тоа е трагач за здравје чиј приоритет се менталната и физичката благосостојба.
Без екран, Nowatch неможе да прикаже време или да испорачува дигитални известувања.
Намерата е да се понуди алтернатива на другите паметни уреди. Наместо стресни предупредувања овој уредот користи нежни вибрации за да испорача клучни информации.
На местото на екранот, уредот има заменливо лице со скапоцен камен.
Nowatch е дело на холандските претприемачи Hylke Muntinga и Timothée Manschot, во соработка со електронскиот бренд Philips.
Muntinga дошол на оваа идеја откако му бил дијагностициран pseudoxanthoma elasticum (PXE), ретка генетска состојба која води кон губење на видот.

Тој сакаше да создаде уред за да го прекине циклусот на прекумерна стимулација и вознемиреност што обично ги предизвикуваат паметните уреди, овозможувајќи им на корисниците „да го извлечат максимумот од секој момент“.
„Луѓето се под стрес поголем од било кога. Им требаат едноставни, но моќни решенија кои ќе им помогнат да внимаваат на нивните емоции и здравје“, вели Muntinga.

Nowatch е опремен со Philips Biosensing технологија, која користи сензори за електродермална активност (EDA) за мерење на активноста на жлездите за потење.
Уредот ги комбинира овие информации на носителот со отчукувања на срцето, физичките движења, како и шемите на спиење, за да помогне да се направи слика за менталната и физичка состојба.
Притискањето на копчето на уредот точно ги означува моментите на стрес.
Уредот е поддржан од апликација за iOS и Android која прикажува детални информации за физиологијата на корисникот и дава персонализирани препораки за подобрување на благосостојбата.


Апликацијата создава динамична графика за да ја визуелизира моменталната состојба на корисникот и исто така нуди вежби за дишење. Вибрациите на Nowatch се дизајнирани да даваат поддршка наместо да предизвикуваат анксиозност, така што корисниците можат да препознаат кога се зголемува стресот и подобро да управуваат со него.

Корисниците исто така можат точно да одредат одредени стресни моменти во денот, создавајќи временски печат во апликацијата што корисниците подоцна ќе можат да го прегледаат и да додаваат белешки. Деталите се на:

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.